Јавно-приватно партнерство за бањата "Кежовица"

Bez autora
Jun 28 2011

Општина Штип го објави меѓународниот тендер за јавно-приватно партнерство за градската бања "Кежовица". Tендерот ќе биде отворен до 28 август. Општина Штип и ЈП "Исар" ќе го склучат договорот со инвеститорот во градската бања "Кежовица" за период од 30 години. Со реализација на проектот треба да се обезбеди унапредување на туристичката инфраструктура, потоа ослободување на "Исар" од несуштинските дејности, анимација на бањскиот туризам и воведување на нови сместувачки, терапевтски и спа-комлекси. Во договорот за јавно-приватно партнерство е наведено дека приватниот партнер е должен во рок од една година да изврши реконструкција на градската бања и има можност за доградба на постоечкиот сместувачки капацитет.

Јавно-приватно партнерство за бањата "Кежовица"Општина Штип го објави меѓународниот тендер за јавно-приватно партнерство за градската бања "Кежовица".

Портпаролот на општината, Милена Ристова-Михајловска, вели дека тендерот ќе биде отворен до 28 август.

- Општина Штип и ЈП "Исар" ќе го склучат договорот со инвеститорот во градската бања "Кежовица" за период од 30 години. Со реализација на проектот треба да се обезбеди унапредување на туристичката инфраструктура, потоа ослободување на "Исар" од несуштинските дејности, анимација на бањскиот туризам и воведување на нови сместувачки, терапевтски и спа-комлекси - информира Ристова-Михајлова.

Во договорот за јавно-приватно партнерство е наведено дека приватниот партнер е должен во рок од една година да изврши реконструкција на градската бања и има можност за доградба на постоечкиот сместувачки капацитет.

- Приватниот партнер на "Исар" треба секоја година да му го исплаќа понудениот процент од нето-добивката, а по реконструкцијата и модернизацијата на постоечките објекти цената на досегашните бањски услуги може да се зголеми најмногу за 40 отсто - рече Ристова-Михајловска.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik